::Јовица Ивановски::

ЗИМСКИ СОН

Лебдееш на врвот на

непрегледната лежалка.

Над тебе старата планина си ги

кисне нозете во морскиот леген.

Ветерот е заглавен во густата

крошна на дрвото како детска топка.

Го гаѓаш со камења, ги тресеш гранките

                                                          и ништо.

Спурнина и длабока мозочна сиеста

со крпење дремка во парталава сенка.

Ако дејствата завршуваат со последици

тогаш неподвижноста е резултат на

внатрешниот мир – се вадиш.

Товарот на познатото не ти тежи

и не би го менувал за ништо непознато.

Велиш: попрво празнотијата на синилото

            отколку шаренилото на невидливото.

Леташ со погледот наоружан со сончеви

            окалки со леснотија на пеперуга.

Заспиваш со џагорот на мислите

                       а те буди тишината.

Овде и сништата имаат невиност.

Не сонуваш дека си пак дете,

туку дете си, кое сонува.

Alice Bailly::Beyond the Radiant Valley (Reiderfurka)