Стихотворба:: Александар Кирковски:: Aleksandar Kirkovski::
Слика:: Rene Magritte
Споменик
Живот во строго подреден хаос
лажна преобразба
снегулка наменета да заврши во твојата дланка.
Ветерот ги носи
листовите откинати од прирачникот
за баба роги и други сексуално
запоставени балерини
во програмска музика
како и онаа пијанистка
со долги прсти,
Едноставно
како типките на пијаното
експонирано во ТВ – емисиите
и во слични културно – општествени појави.
Доста. Не копај
По забранетите чуства,
алките на синџирот
се уште го молчат
оној неприроден звук.
Ноќно кафе, цигари, алхохол
балконот со поглед на југ –
пак ќе минам неказнет
низ срцето на големиот град
отсутен за подолго време.
The Time Transfixed:: 1938::
