Елизабета /Линднер/ Костадиновска
Љубов. Елементарна.
1. Вода
Сакам да те исплачам
од себе да те излеам
од себе да те исцедам
и да се потсетам:
јас сум својата сопствена вода.
Сепак остануваш
а сите течности
подигаат бранови
или си играат одлив и прилив,
и мокро и убаво
мислам и пливам:
mit dir!
Сакам конечно да те издвојам
и себеси чудесни капки
и драгоцени сокови да си набавам
за површината на водата
да ја одржувам мазна

урамнотеженост при
молчење и обмислување
без опасности
без водено
слевање.
Исплачи се конечно од мене,
ти, духу воден, или појави се конечно
во својот втор лик,
зар не приметуваш:
мојата внатрешна централа е при крај,
заради тебе се става во мирување.
А потоа,
од сопствената вода
со тебе во брановите
по желба
повторно ќе се родам,
како твоја втора-најважна
природа сакана
напишана.
Насликана.
Превод од германски:: авторката::