АВТОРИ::ПРОЗА

Димитрие Дурацовски

на ::СловоКулт:: со расказот::

 ВОДА, ЛАВИРИНТИ       
1.
Многупати си се запрашал каков е тој чуден магнетизам 
што го има водата и што е тоа што секојдневно те 
наведува да доаѓаш на ова место.

Со часови седиш на каменот кој има облик на коцка, 
немо загледан во далечината...

 

::Биографија::

Димитрие Дурацовски е роден на 15 февруари 1952 година во Струга каде што завршил основно образование. Школа за применети уметности, сликарски одсек завршил во Скопје 1975 година во класата на проф. Родољуб Анастасов.

Бил припадник на литературната група Петти круг.
Членувал во редакциите на списанијата Даље, Форма, Далги и Стожер  (гласило на Друштвото на писателите на Македонија).
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година.
Член е на Македонскиот П.Е.Н. центар

Застапуван е во Антологиите: Господари лабиринта, Загреб; Антологија на македонскиот постмодерен расказ, Скопје; ; Cesarean cut – Macedonian short stories; Царски рез – Македонскиот кус расказ, Скопје; Големиот скок, Скопје; Макета – савремена македонска кратка прича, Београд; Кар видијо мачке, Љубљана,; Антологија на македонскиот расказ, Москва; Антологија на македонски расказ D’ont me FYROM, Загреб.

Ги објавил книгите раскази: Тајна историја, 1986 година; Црни пророци, 1996 година;  романотИнсомниа, 2001 година за кого истата година ја добил најзначајната награда за литература во Македонија – Рациновото признание. 2014 година ја објавил книгата Бледи сенки далечни гласови за која 2015 година повторно го добил Рациновото признание.

Романот „Бледи сенки далечни гласови“ беше македонски кандидат за наградата Балканиказа 2014 година.

Живее во Струга.