Горан Стефановски
In Memoriam – од Томислав Османли
::Дела::
ДИВО МЕСО
ТЕАТАРСКА ПИЕСА (извадок, СЦЕНА 1)
Авторот за пиесата: “Кога ја пишував пиесата “Диво месо” мислев дека таа се однесува на минатото.
Сега гледам дека се однесувала на иднината. И навистина во 1980 ми се чинеше дека сме ја дофатиле утопијата и дека сите битки се завршени.
Сметав дека пиесата е сместена во предвечерјето на Втората светска војна и дека опасноста по куќата на фамилијата Андреевци е од доаѓањето на нацизмот. Денес ми се чини дека никаква утопија не сме дофатиле и дека постои опасност да дофатиме дистопија. Ми се чини како пиесата да е сместена среде современите Балкански војни и тренингот на мускули на новиот светски поредок. Куќата на Андреевци ја демнат поинакви опасности и искушенија”.
Ова пиеса му ја посветувам на татко ми Мирко.
ЛИЦА:
ДИМИТРИЈА АНДРЕЕВИЌ, 55, инвалид, бивш ѕидар
МАРИЈА, жена му, 50
АНДРЕЈА, 22, нивни син, продавач во бакалница
СТЕФАН, 26, негав брат, референт во претставништвоза автомобили
СИМОН, 30, најстар син во фамилијата, келнер
ВЕРА, 25, негова жена, домаќинка
ХЕРЦОГ, 55, раководител иа прeтставништво за автомобили, Евреин
САРА, 23, негова ќерка
ХЕРМАН КЛАУС, 45, дојденецот од Германија
БАЈАЧКАТА
СИВИЌ, 35, советник во претставништвото
АДО, 23, пријател на Андреја, возач на камион
ПРОСТИТУТКАТА
ПОПОТ
ГОСТИ НА ПРИЕМОТ, АРГАТИ, ГОСТИ ВО МЕАНА
Сеслучува во Скопје, непосредно пред II светска војна.
СЦЕНА 1
(Главната соба во куќата на Андреевиќ која е поврзана со три други соби и кујна. Димитрија седи во инвалидска количка. Чита весник. Марија седи на кревет. Гледа пред себе. Тишина. Пауза.)
ДИМИТРИЈА: Ќе има војна. (Пауза.)Ќе има војна.
(Пауза.)
МАРИЈА: Доста беше и ваков мир. (Пауза.)
ДИМИТРИЈА: Што правиш ти? Пак ѕвериш во празно.Работи нешто.
МАРИЈА: Што да работам?
ДИМИТРИЈА: Вари вечера. Доаѓаат луѓе.
МАРИЈА: Сè е сварено.
ДИМИТРИЈА: Вари ручек.
МАРИЈА: Готов е.
ДИМИТРИЈА: Ако е готов дај да јадам.
МАРИЈА: Немој да ми викаш. (Пауза.) Слава е утре.
(Пауза. Влегува Вера. Носи празно корито.)
ВЕРА: Ќе врне. Џабе спростирав чаршафи.
МАРИЈА: Сè е џабе. (Пауза.)Сонував дека сум пресечена на две. И кај што е ’рбетот — голем црв. И тој пресечен и се превиткува. И доаѓа некој и го вади црвот. И боли, боли, како заб да ти вади.
ВЕРА: Секогаш сонуваш такви соништа.
МАРИЈА: Сами доаѓаат.
ДИМИТРИЈА: Ќе се јаде ли во оваа куќа?
ВЕРА: Не се дојдени.
ДИМИТРИЈА: Не мораат ни да дојдат.
ВЕРА: Да почекаме уште малку.
ДИМИТРИЈА: Чекајте вие уште многу ако сакате. Јас сакам да јадам.
ВЕРА: Ме изеде срчка да те изеде. (Поставува за јадење.) Што попрво да сторам? Дали да изметам, дали да исперам, дали да зготвам?
ДИМИТРИЈА: Научи ја свекрва ти.
ВЕРА: Остави ја ти неа намира.
ДИМИТРИЈА: Роди си ќерка па нека ти помага.
(Вера подголтнува. Димитрија јаде. Тишина. Пауза. Влегува Симон. Пијан.)
СИМОН: Веќе ни за јадење не чекате.
ДИМИТРИЈА: Кога сме чекале не си доаѓал.
СИМОН: Ништо не смее да се каже во оваа куќа. Ќеземам две канти бензин, ќе вивне сèдо небо.
МАРИЈА: Немој да кобиш.
СИМОН: Немам јас што да кобам. Прокобено е тоа одамна.
ВЕРА: Кај пиеше?
СИМОН: Кај стигнав право да ти кажам.
ВЕРА: Се одра.
СИМОН: Нешто ќе ме одере и онака пoрано или подоцна. Што можеш денес не оставај за утре.Лесно ти е тебе.
ВЕРА: Лесно ми е мене. Мене ми е најлесно.
СИМОН: Страв ти е тебе од темно? Не! Мене ми е страв. Од сонце страв ти е? Не! Мене ми е страв.Ме гуши овде, ете овде, имам грутка.
МАРИЈА: Имаш влакно во грлото.
ВЕРА: Цел ден си на нозе.
СИМОН: Да можам келнер со седење да бидам, ќе седам. Јас не реков дека имам попуштени вени па да се од стоење. Мене ме гуши овде, јанѕа мејаде. Не јадам. Не спијам.
ДИМИТРИЈА: Ама пиеш. Да ти каже тебе татко ти нешто. Не кажувај на светот што мака имаш. Не сака светот да знае. Си има светот свои маки. Ако кажуваш, кажи нешто убаво или ништо не кажувај. Што му е некому гајле што тебе ти е страв од темно.
СИМОН: Полошо ми е на душата ако кажам.
ДИМИТРИЈА: Ако за нас е здодевно. Здодевно! Не можеш да спиеш! Големо чудо. Мајка ти може да спие, па сонува лоши соништа. Нема крај тоа. Што не ме прашате мене како ми е?
ВЕРА: Сакаш да јадеш?
СИМОН: Дај ракија.
ВЕРА: Доста ти беше.
СИМОН: Од кај знаеш ти колку ми е доста?
ВЕРА: Знам.
СИМОН: Сите знаете повеќе од мене. Цел ден служам такви што знаат повеќе од мене. Симон ракија, Симон ракија, Симоне чаша вода, Симон чаша вода, Симоне не ваква ракија, онаква ракија, Симоне побрзај, Симоне држи, Симоне не давај, секаде Симон, за се Симон. Па доста е. Па не е Симон машина. Па и Симон има душа. Вие седите овде и не давате чашка ракија. И здодевно ви е да ме слушате. Ебете си мајката. Ќе земам капа, ќе фатам планина. (Плаче. Пауза. Вера го милува по главата. Му тура ракија). Држ ме сега за глава да ме утешиш.
ДИМИТРИЈА: Ај тебе женати ќе те утеши, кој да меутеши мене што ве родив.
МАРИЈА: Не смееме вака. Слава е.
ДИМИТРИЈА: Каква слава бе, ебати славата. Со кого да славиш слава. (Чита. Пауза.) Свети Илија прости ми ама и сам гледаш со што џган живеам.
(Пауза. Влегува Андреја.)
АНДРЕЈА: Добар ден.
МАРИЈА: Добар ден, синко.
АНДРЕЈА: (Седнува на масата.) Работнички тепал 2:0.(Пауза. Вера му става да јаде. Тишина.) Да неумрел овде некој? (Тишина. Пауза. Јаде.) Когаќе дојде попот?
МАРИЈА: Вечер.
АНДРЕЈА: До каде сте со готвењето?
МАРИЈА: Уште баклавата.
АНДРЕЈА: Донесов ситен шеќер.
МАРИЈА: Да си жив и здрав.
АНДРЕЈА: Пукнав денес од работа. Сèтргнало да пазари. А ме остави газдата сам со чиракот. Неможе да се стаса. Не е мала бакалницата. (Пауза. На Димитрија.) Што има во весниците денес?
ДИМИТРИЈА: Не знам.
АНДРЕЈА: Како не знаеш?
ДИМИТРИЈА: Тоа што има за мене нема за тебе.
АНДРЕЈА: А што има за тебе?
ДИМИТРИЈА: Моја работа.
АНДРЕЈА: Ајде бре Димитрија, бре, расположи семалку.
ДИМИТРИЈА: Ќе се расположи Димитрија во гроб.
АНДРЕЈА: Има време за умирачка.
ДИМИТРИЈА: Не знам, сиго бараме со боринче. (Пауза.)
АНДРЕЈА: Како си ти, Верче?
ВЕРА: Мене ми е лесно. Мене ми е најлесно. (Пауза.)
АНДРЕЈА: (На Симон) А тебе?
СИМОН: Не заебавај се, знаеш!
АНДРЕЈА: Што има лошо што прашав како си?
СИМОН: Знаеш ти.
АНДРЕЈА: Не знам.
СИМОН: Немој јас да ти кажам.
АНДРЕЈА: Кажи.
СИМОН: Доста!
АНДРЕЈА: Што е сега?
СИМОН: Доста. Постар сум од тебе и велам доста! И ако те опнам по муцка нема да те спасат ни Русите.
АНДРЕЈА: Остави ги Русите на мира.
СИМОН: Ќе црвосаш ти во затвор, ама јас нема да дојдам да те посетам. Нека ти носат комунистите храна. Ако некој од нив остане на слобода. Само вие среќавајте се во темно за да си ги пополнувате споменарите.
АНДРЕЈА: Подготвуваме штрајк.
СИМОН: Ќе го фатите господ за брада.
АНДРЕЈА: Нема да биде обичен. Овојпат ќе каснеме до коска. Ќе фати гангрена. Пиварата, монополот, ложилницата.
СИМОН: Дриблате, само дриблате. Камо голови?
АНДРЕЈА: Набивме кондиција за да ги издржиме оние 90 минути на теренот. Головите ќе дојдат.
СИМОН: Кога?
АНДРЕЈА: Кога ќе ни се придружиш и ти! Тука ејадецот. Многу се таквите што сакат да седатво публика, да грицкаат семки и да чекаат голови. А треба да се трча. Да се трча!
СИМОН: Мене лекарот ми забрани да трчам. (Пауза.)
Можам да бидам аутсудија.
ДИМИТРИЈА: Политиката е карта. А карта е Марта. А Марта е курва. Сето тоа е „Слези Курто да се качи Мурто“. Сум ја кркал таа манџа. Забранувам во оваа куќа да се зборува за политика.
АНДРЕЈА: Каква политика? Ова се алваџиски муабети. Вие сте аматери политичари. Вашата политика е што ќе научите и што ќе прочитате по вечерни весници.
СИМОН: А ти твојата ја цедиш од на господ мадињата. Е бре, Андреја, не се занесувај. Сме биле на твои години.
АНДРЕЈА: И сте пораснале и не ви дошол умот вглава. (Влегува Стево.)
МАРИЈА: Добар ден. (Стево кимнува со главата.)
СИМОН: Нему му е мака да каже добар ден.
ДИМИТРИЈА: Има тој други мисли. Тој е филозоф. Со два класа трговска академија одвај ја носи главата на рамена. Да го дадовме на факултет, ќе нè заколеше на спиење.
МАРИЈА: Ќе ручаш?
СТЕВО: Јадев ќебапи во Кантина.
МАРИЈА: Ти немаш куќа?
СТЕВО: Во ресторан ми е послатко. (Пауза.) И нема да бидам тука за вечера. (Пауза.)Знам дека е слава, знам дека ќе дојдат сите роднини, комшии и пријатели. Знам дека ќе прашаат каде сум. Имам работа.
МАРИЈА: Знаеш дека ова е првпат некој да отсуствува од слава?
СТЕВО: Одам на прием. (Пауза.)На прием. Ме викнаа утринава. Не можев да одбијам. Знаев дека е слава. Не можев да одбијам. Важно е. За мене е важно.
МАРИЈА: Нема да одиш.
ДИМИТРИЈА: И како тоа те викаат во последен момент и ти трчаш на прием, а дома имаш празник.
СТЕВО: Така!
ДИМИТРИЈА: Како?
СТЕВО: Шарено! Ме викна шефот. Господин Херцог. Доаѓа важен гостин од Германија. Сите ќе бидат таму. Целиот кајмак на Скопје ќе биде таму. Трговци, банкари, светски луѓе.
СИМОН: Како згрешиле да те викнат и тебе?
СТЕВО: Ќе ме видиш ти мене наскоро.
СИМОН: Да не ти пораснат рогови?
СТЕВО: Ќе ми пораснат крила. Ќе ви треба двоглед да ме видите.
СИМОН: Кај ќе леташ?
СТЕВО: Јас имам кариера пред себе. Перспектива.
АНДРЕЈА: Кој е тој Германец што доаѓа?
СТЕВО: Важен човек од централата на компанијата воБерлин. Мамо, испеглај ми ги црните панталони.
МАРИЈА: Јас не те пуштам да одиш кај никакви Германци. Утре е Свети Илија.
СТЕВО: Веро, дај ти таа работа жити господ.
СИМОН: Прво мене ќе ме прашаш дали смее да ти пегла панталони.
СТЕВО: Смее ли жената да ми ги испегла црните панталони?
СИМОН: Не смее. (НаВера) Да не си фатила пегла сорака. (На Стево.) Викни си ја Лиле нека ти пегла.
АНДРЕЈА: А доаѓал порано тој Германецот?
СТЕВО: Не знам. Не.
АНДРЕЈА: А зошто сега доаѓа?
СТЕВО: Не знам. Службено.
АНДРЕЈА: Како се вика?
СТЕВО: Херман Клаус. Што сакаш уште да знаеш? Кој број гаќи носи. Не знам.
ДИМИТРИЈА: И што мајка бараш ти на тој прием?
СТЕВО: Еднаш да се најдеш на прво место во право време, целиот живот ќе го поминеш како по лој.
МАРИЈА: Лута сум ти Стево. Лута сум.
СТЕВО: Биди мамо, тебе и онака не знам како да ти
објаснам некои работи.
МАРИЈА: Ништо ти мене не можеш да ми објасниш
и да сакаш.
(Тропање на вратата. Марија отвора. На вратата стои попот.)
ПОПОТ: Добар ден.
МАРИЈА: Добар ден. Рано бре, попе.
ПОПОТ: Многу куќи, многу работа се собра. Сега можев, сега дојдов.
МАРИЈА: Не сме готови.
ПОПОТ: Што треба да е готово? Колачот го имате?
МАРИЈА: Не сме измиени. Променети.
ДИМИТРИЈА: Рековме во седум.
ПОПОТ: Рековме.
ДИМИТРИЈА: Сета е три.
ПОПОТ: (Гледа на часовникот.) Три и петнаесет. Знам, газда Димитрие. Не што е речено, туку што е печено.
ДИМИТРИЈА: За свои пари сакам поп во седум.
ПОПОТ: Не греши душа, газда. Службата божја е секогаш и насекаде. Не зависи ни од место ни од време. Не знам дали ќе стигнам во седум.
ДИМИТРИЈА: Ќе стигнеш, ќе стигнеш.
ПОПОТ: Абе, газда Димитрија, влези ми во положение.
ДИМИТРИЈА: Ти влегувам попе, ама влези ми и ти мене. Секогаш вака ни правиш. Кај богатите секогаш одиш навечер, кај нас сабајлечки.
ПОПОТ: Е како сабајлечки, газда Димитрие? Три и дваесет попладне.
ДИМИТРИЈА: А минатата година во осум сабајле? Како на скали да спиеше. Сèсе памети.
ПОПОТ: Газда, жими вера, или сега или бога ми не знам кога ќе можам.
МАРИЈА: Сега попе. Ајде. Да не останеме неосветени.
ПОПОТ: Така газдарице. Дај го ваму колачот. (Му го носат колачот.) Ај што е попово нека е готово. За многу години. Да е честит денот. Да славите уште сто години. Дојдете сите околу масава. (Се собираат сите околу масата.) Свети Илија, ти се молиме закрилувај нè, помагај ни, води нè со својата сила. Преблаги господе не оставај нè никогаш сами за да не дојде непријателот на нашето спасение и да нè погуби. Кажувајте ги мртвите. Спаси ги и помилувај ги, господе оче наш, мртвите…
МАРИЈА: Лена, Анастас, Спасија …
ПОПОТ: Лена, Анастас, Спасија …
МАРИЈА: Ѓорѓи, Марко, Трајан . ..
ПОПОТ: Ѓорѓи, Марко, Трајан…
МАРИЈА: Петре и Евда.
ПОПОТ: Петре и Евда.
СИМОН: И Симон.
ПОПОТ: И Симон.
МАРИЈА: Кој Симон? Не Симон.
ПОПОТ: Не Симон. (Го зема колачот. Му го дава на Димитрие. Го зема за рака Андреја и му ја става раката од една страна на колачот. Андреја го зема за рака Симон и му го префрла колачот нему. Попот го сече колачот во крст.) Во име оца, сина и свјатого духа, Амин.
СИТЕ: Амин.
ПОПОТ: (Ги фаќа сите за раце. Кружат три круга околу масата.) Ослободи нè господи од непотребни грижи и освети ги нашите радости. Поткрепувај нè кога сме слаби и тажни. Биди со нас во тешките часови на мака и тага, на колебливост и исплашеност и направи ги нашите солзи и. страдања полесни. Исцели ги нашите смриени болки и душевни рани зашто само ти ги гледаш. Преблаги господи, не нè оставај никогаш сами. (Попот пребрзо ги води. На Димитрија му е тешкода се движи во количката. Се затетеравува. Колачот паѓа. Се крши.)
МАРИЈА: Оф леле!
ДИМИТРИЈА: Како држиш бре, Симоне, пијан ли си?
СИМОН: Пијан сум, ама добро држев. Ти го испушти.
ПОПОТ: Ништо не е, ништо не е. Оца, сина, свјатого духа, Амин. Ајде, за многу години. (Пауза. Тишина.) Ајде, што чекате, соберете го колачот.
МАРИЈА: Како така да се скрши?
ПОПОТ: Падна, се скрши.
МАРИЈА: Како така да падне?
ПОПОТ: Гајле немај, Маријо. Важно е човек да оди во милоста божја. (Марија го собира колачот.)
ДИМИТРИЈА: Толку попе?
ПОПОТ: Толку.
ДИМИТРИЈА: Сакаш едно ракивче?
ПОПОТ: Болен се прашува.
(Димитрија тура ракија.)
СИМОН: Чашка ваму, чашка таму и тебе ти е весело, а попе. Цело време господ го гледаш. (Попот пие на искап.) Опа! Мислиш ако е брзо не ти се есапи.
ДИМИТРИЈА: (Му дава на попот пари.) Догодина во седум навечер.
ПОПОТ: Збор да нема.
ДИМИТРИЈА: Немој ти збор да нема. Нека има збор.
ПОПОТ: Да сме живи и здрави дотогаш. Со здравје.
МАРИЈА: Со здравје попе. (Попот излегува. Таа го испраќа.)
АНДРЕЈА: (На Симон.) Зашто си го кажа името кај умрените?
СИМОН: За секој случај.
(Марија се враќа. Со неа е Ацо.)
МАРИЈА: Влези Ацо, влези.
АЦО: Не сум за влегување. Само на Андреја два збора да му кажам.
(Андреја оди кај Ацо. Разговараат. Пауза.)
АНДРЕЈА: Мамо, јас одам.
МАРИЈА: Каде сега и ти?
АНДРЕЈА: По работа. Така излезе.
МАРИЈА: Како тоа така излегува. Секогаш нешто така излегува. Влези бре, Ацо, не стои на врата.Слава ни е. Земи колаче. Напиј се нешто.
АЦО: Брзаме тетка Маријо.
МАРИЈА: Знам дека брзате. Пак брзајте. Никогашништо полека не можело да се стокми. Кадеќе одите?
АЦО: По работа.
МАРИЈА: Ќе се вратите на вечера.
АЦО: Мислам. Не знам. Не верувам дека ќе се задржиме.
МАРИЈА: Мислиш. Не знаеш. Не веруваш.
АЦО: (На Стево) Камионот што го возам е на ремонт кај вас. Добро стегнете го.
СТЕВО: Гајле немај. Ние сме фирма.
СИМОН: Ќе го направат да не можеш да го познаеш.
АЦО: Тоа ми е лебот.
ДИМИТРИЈА: Вие одите да кревате штрајк а?
АНДРЕЈА: Да. Сакаш со нас? (Пауза.) Ајде, до гледање. (Излегуваат.)
МАРИЈА: До гледање. (Пауза.)Само ти значи ќе останеш вечерва, Симоне. Што не ја земеш и ти жена ти подрака? Отидете некаде на музика.
СИМОН: Толку сум пијан што исто ми се фаќа.
МАРИЈА: (На Стево.) Дојде Лиле.
СТЕВО: Не ме интересира.
МАРИЈА: Праша дали има нешто да помогне.
СТЕВО: Реков не ме интересира.
МАРИЈА: Те поздрави. (Стево демонстративно излегува од собата. Пауза.) Кога бевте мали, ќе ве избањав пред слава, ќе ве променев и ќе ве ставев во кревет. Не можевте да заспиете и се смеевте до ниедно време. Сакавте да пробате пред време од манџите. Тенџерињата крчкаа цела ноќ. А сега не се смеете. И јадете по меани.
(Пауза, Димитрија делка парче дрво со џепен нож. Вера чисти. Марија седи и гледа пред себе. Пауза.)
СИМОН: (Пее)Шест месеци пол година,
пет прсти рака има
четири боски крава има
три нозе пирустија
две очи глава има
еден ми е билбилот што рано рани мај месец.