::СловоКулт::Литератур/a Берлин & Арт::Еквилибриум:
ви претставуваат::
Не турска, не шпанска, туку::
Книжевна Серија::Поети читаат Проза::

::Епизода 1::
::15.11.2016::20:30 часот::Концепт 37
::Лилјана Пецова-Илиеска::Јосип Коцев::
читаат од романот:: “Платно” од Бенјамин Штајн::
превод од германски Елизабета Линднер, во издание на Блесок, 2011
со поддршка на литературната мрежа ТРАДУКИ
::модерација::Марија Стојанова

 

1280px-benjamin_stein_2011_by_chris_janik_v2_s-w
Бенјамин Штајн (Benjamin Stein) фото: Крис Јаник (Chris Janik)
liljana-pecova
Лилјана Пецова-Илиеска

Jospip.Kocev.foto

Јосип Коцев

Print
Бенјамин Штајн, Платно, ::роман со две лица и две приказни што се спојуваат:: Амнон Зихрони и Јан Векслер
За првата епизода од книжевната серија го одбравме романот “Платно” од Бенјамин Штајн::
не е случјано::македонскиот превод на овој роман беше првиот превод во светот, а за едно книжевно ремек-дело кое има две лица (а нема опачина) со два почетока на две приказни во еден роман, тоа е и повеќе од комплимент за книжевната култура. Романот е во меѓувреме преведен на многу јазици, веќе пет години одушевува и вреди да допре до читателската публика, бидејќи отвора нови прашања и толкувања во врска со идентитетот, кои сите нè засегаат. Романот е лесен и комплексен, напишан на особено проточен и примамлив книжевен стил.
Повеќе за романот ќе најдете овде: Бенјамин Штајн “Платно”

Бенјамин Штајн гостуваше во Скопје во 2013 година, настанот беше документиран и на ова место еве неколку фотографии. Настанот беше поддржан од Гете-Институт, Друштво за македонско-гермаснко пријателство и соработка и литературната мрежа ТРАДУКИ

benjamin-skopje-otvoranje
Бенјамин Штајн во Скопје, промоција на романот “Платно”, Игор Исаковски ја отвора вечерта, Елизабета Линднер ја води вечерта,

2

 

2b
Бенјамин Штајн / Benjamin Stein