::СловоКулт::Литератур/a Берлин & Арт::Еквилибриум:
на 27.12.2016::ви претставуваат::
Не турска, не шпанска, туку::
Книжевна Серија::Поети читаат Проза::Концепт 37::
::СПЕШЛ ЕДИШН::Со додатна порграма::
Ана Голејшка::Елизабета Линднер::
читаат од романите на Томас Бернхард “Сечење шума” и “Стари мајстори”
превод од гермаснки Елизабета Линднер, Блесок 2011 и 2013
Модерација::Марија Стојанова
Книги и насмевки::Даниела Костадиновска
ПЛУС::гости поети и пријатели на Игор Исаковски што ќе прочитаат по една песна од него::
ПЛУС::Журка со Шурбе::

  
Томас Бернхард е еден од најконтроверзните автори во Австрија, германското говорно подрачје, па и во Европа.
Се прашувавме дали во Македонија сме имале контроверзен и критичен автор или авторка што добил награди. (Ако знаете посочете ни!)
Игор Исаковски заслужи многу награди, меѓутоа пребргу си замина од нас, а ни остави толку многу.
Затоа оваа вечер му ја посветуваме на Игор Исаковски, кој во Блесок ги објави романите “Сечење шума” и “Стари мајстори” од Томас Бернхард, двата во превод на Елизабета Линднер, а планираше да го објави и “Пропастник”… (работиме на тоа)

Преведувачката Елизабета Линднер за преводот на “Сечење шума” во 2011 го доби престижното одликување “Премија за преведувачи”, која се доделува за исклучителни преводи на современи австриски писатели, а која ја доделува Минситерството за уметност, култура и образование на Австрија.

Исаковски и Линднер го презентираа романот “Сечење шума” по објавувањето. Една исклучително пријатна вечер во ГЕМ клубот. Книгата беше поддржана од книжевната мрежа ТРАДУКИ.

ИЗВАДОК од “Стари мајстори”::

Оваа земја навистина го достигна дното, рече Регер, а наскоро ќе се откаже и од својата смисла и цел и од својот дух. А насекаде само она грозно баботење за демократија! Излегувате на улица, сметаше тој, и постојано морате да си ги затнувате очите и ушите, па и носот, за да можете да преживеете во оваа земја која, на крајот на краиштата, е станата држава со општа опасност, рече Регер. Секој ден не им верувате на своите очи и не им верувате на своите уши, рече, секој ден ја доживувате пропаста на оваа уништена земја и на оваа корумпирана држава и на овој заглупен народ со сè поголема престрашеност. А луѓето во оваа земја и во оваа држава не преземаат ништо во однос на тоа, рече Регер, тоа е она што човек како мене секојдневно го измачува. Луѓето, се разбира, гледаат или чувствуваат како оваа држава со секој ден станува сè пониска и со секој ден станува сè попогана, но не преземаат ништо во однос на тоа. Политичарите се Убијци, да масовни Убијци на секоја поедина земја и на секоја поедина држава, рече Регер, веќе со векови политичарите ги убиваат земјите и државите и никој не ги попречува во тоа.