: СловоКулт :: литерАРТура :: 2020 :: Биенале за современи уметности

:: DE :: EN ::

 

Јосип Коцев :: Ајке Леуен

Josip Kocev :: Eike Laeuen

 

Алеф                :: DE :: EN ::

 

Алеф,

ти си првата буква од азбуката

на која ми пишува душата.

Градот во којштo играв криенка

одненадеж ми се сокри,

па морав да го плукнам

и преку ноќ да пораснам.

Алеф,

вчера падна цената на крвта

на светските берзи,

и домот што го напуштив

одеднаш никна во мене.

Алеф,

сега прозорци и врати

саноќ ми трескаат во градите,

чиниш некој доаѓа и си оди

од празнината во која и мене ме нема…

Алеф,

ако напишам тешки зборови на ѕидовите,

ќе се урнат ли?

Ако го распнам и последниот кошмар,

пак ќе сонувам ли?

Алеф,

ти си првата буква од азбуката

на која ми пишува душата:

Ако го изодам и овој пат,

некаде ќе стигнам ли?

 

Ајке Леуен :: Eike Laeuen :: Без наслов ::