:: СловоКулт :: литерАРТура :: 2020 :: Биенале за современи уметности

ДОКУМЕНТАЦИЈА 2020/21 :: Берлин :: Скопје :: Гевгелија

:: DE :: EN ::

:: SlovoKult:: literARTour :: 2020 :: Biennial of contemporary arts2::

:: Презентација на содржините и програмата ::

:: НАЈАВА:: 

:: драги љубители на уметноста :: еве го нашиот плакат за второто издание на биеналето :: дизајниран од една од нашите омилени уметници :: Катрин Салентин :: 

темата што ја смисливме минатата година :: План Б за планетата Х или план Х за планетата А :: стана уште појасна во овие пандемични времиња.

ви посакуваме здрав и среќен живот, но живот без уметност е … грозен? глупав? најмалку.
во овие времиња уметноста е чин на непослушност – затоа што уметноста е “забранета”. Можете да јадете и пиете во јавни локали, можете да правите верски церемонии, но не можете да одите на концерти, не можете да одите во театар, на читања и други културни настани. Не ви се допаѓа? Ниту нам. Стримингот е ок, но не е доволен.
Во септември ќе бидеме на отворено, гласни, разнобојни, меѓународни и со висок уметнички квалитет ::

Имаме одлични уметници :: текст / визуелност / звук :: што ќе ги презентираме интердисциплинарно и во мултимедијални перформанси :: гледајте да останете на линија и поврзани ::

им благодариме на сите наши уметници, им благодариме на луѓето кои работат како луди, за да се реализира сево ова :: ќе ги именуваме наскоро ::
благодариме за соработката на :: Art Equilibrium
му благодариме на нашиот партнер во Берлин :: ACUD-Theater
им благодариме на нашите финансиски поддржувачи ::
:: Гевгелија и Скопје :: Министерство за култура на Република Северна Македонија::
:: Берлин :: Senatsverwaltung für Kultur und Europa ::

:: можеби ќе има и додатни, затоа што сè уште не можеме да покриеме сè! на пример, преводот, патувањето и престојот на гостите – а како меѓународен фестивал, тоа е многу важно за нас :: ние секако ќе дадеме сè од себе ::

:: а вие сте поканети да присуствувате :: во живо или… ќе видиме.

средечно ::

Елизабета Линднер :: Уметнички директор (Организација, МК и DE)
Дијана Томиќ Радевска :: Уметнички директор (визуелна уметност МК и организација)
Марија Стојанова :: Раководител на проект (МК, Организација Гевгелија)