ФЕСТИВАЛСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА (Видеа, Снимки, Информации и Линкови)

:: 27.03.21 :: Краус :: Crauss :: BLACKBOX :: тријазично читање

ENGLISH+DEUTSCH

За жал, фестивалот не можеше да биде целосно во живо, но не беше ни зум-стрим (кој е можеби добар за меѓународни дебати), туку чиста уметност!

Никогаш не сме помислиле дека синхроно тријазично читање може да функционира толку добро – но смелоста да експериментираме е дел од нашата професионална работа – и се исплатеше! Експериментот беше успешен и носи нешто ново во светот на поезијата.

И нè радува фактот дека преку нашите дела успеваме да го надминеме вообичаеното и да достигнеме и прошириме нови димензии во презентацијата.

Преводот на поезија сам по себе е ограничена и посебна област, која во најголем дел се избегнува, – разбирливо и оправдано, бидејќи е голем предизвик, кој е предодреден само за малкумина професионалци (затоа): Книжевниот превод е една од современите уметности вклучени во фестивалот -, во таа смисла сме уште позадоволни што целиот концепт на Биеналето СловоКулт :: литарАртура се оствари (и покрај Корона) и ја достигна својата вистинска форма. Како што покажува и оваа презентација, можно е да се комбинираат уметностите и да се прикажат живописно и на уникатен и современ начин. Вредноста на поедините дела, како и нивната поврзаност со целиот настан е нагласена во :: повеќејазичност :: интердисциплинарност (текст / визија / звук) :: мултимедија ::

ова видео е само еден дел од тоа, – доколку имавме можност читањето целосно да биде во живо, во позадина ќе одеа уметничките дела (цртежите) од Ирена Паскали, а читачите ќе беа распоредени на бината и ќе се читаше малку подолго, односно поинаку ќе се комбинираше настанот. Можеби во 2022.

Тријазичната збирка поезија, заедно со нашите други изданија ќе ја најдете во скопските книжарници :: Полица, Култура и Буква. Ако не сте во можност да ја купите, а сакате да нарачате, пратете мејл на infoATslovokult.de