:: Една од одликите на ::
:: Биеналето за современи уметности2 :: СловоКулт :: литерАРТура ::
е презентација на независни и алтернативни проекти, особено списанија за современи текстови и уметност ::
Специјални гости на годинешното второ издание се ::
:: Дорит Требелјар и Антон Шварцбах ::

уредниците на списанието :: Пролог – списание за цртеж и текст :: Prolog – Heft für Zeichnung und Text
Кои ќе ги презентираме во специјален филмски прилог од берлинскиот режисер на документарни филмови :: Петер Цах
:: и чии дела ќе видите на групната изложба ::
Тие требаше и лично да присуствуваат, но…
:: Портрет на списанието ::
Пролог – Prolog – Heft für Zeichnung und Text – е независно и мрежно уметничко списание од Берлин, кое редовно се објавува како публикација и ја претставува на јавен настап со изложби, презентации на уметници, читања, салони, соработки и други настани.
Пролог го уредуваат уметниците Антон Шварцбах и Дорит Требелjар, а како ко-уредници им се придружуват и уметници и автори. Од своето прво појавување во 2007 година, списанието има отворени повици и покнаува да учествувате со свое уметничко дело на следниот број. Пролог се гледа себеси како „пост-уметничка група“. Брошура, тема за државен удар!
Пролог е номадски проект. Настаните се одржуваат на различни места во и надвор од Берлин, а во простории за проекти, на пр. Alles Mögliche, ausland и Walden – изложби во етаблирани галерии како Galerie Parterre и Kunststiftung Poll.
Како и отворениот повик за прилози, така и номадизмот се намерна одлука, за да се вмрежат најразновидни места и луѓе, да се работи и надвор од сцената и партиципативно. Пролог е славење на љубопитноста за уметнички (по)другото и (по)другите.
Како публикација, Пролог на одредена тема собира ставови и видувања од уметници и автори. Објавува цртежи, скици, манифести, поезија, слободни текстови, хибриди, описи на работни места и интервјуа.
Претпоследното 19-то издание е за „Обид и заблуда“. Изданието беше објавено и претсавено во пролет 2019 година во с / о Кунстпункт на Schlegelschtraße во Берлин-Мите.
Во 20-то (засега последно) издание темата беше Откажување (Absage) – уште пред коронавирусот откажувањето на културата да го направи реалност.
http://prolog-zeichnung-und-text.de/
heftfuerzeichnungundtext@yahoo.de
Дорит Требелјар – родена 1977 година во Торгау на Елба, живее и работи во Берлин. 1996-2001 студирала историја, психологија, германски во Вупертал, од 1997 година во Берлин. 2004-2010 студирала ликовна уметност, скулптура кај Дејвид Евисон, УдК Берлин. Од 2009 година заедно со Антон Шварцбах е главен и одговроен уредник на Пролог – списание за цртеж и текст, за кое организира изложби / читања итн. Од 2010 е слободен уметник и работи на проекти. 2011-2017 Соработка со Галеријата Хиршман, Берлин
Од 2018 година член на ГЕДОК Бранденбург. Добитник е на повеќе признанија и стипендии за уметници, изложила на бројни групни и самостојни изложби.
Антон Шварцбах, цртач, главен уредник на Пролог – списание за цртеж и текст, организатор / куратор на читања и изложби. Роден 1975 во Берлин, израснат во Источен Берлин живее и работи во Берлин. Во 2007 година го основа списанието за уметници :: Пролог – списание за цртеж и текст, (од 2009 заедно со Дорит Требелјар), кое за својата презентација вклучува реализација и организирање на изложби и читања.
– 1999 – 2005 Студирал сликарство во Лајпциг, со долг студиски престој во Виена.
Добитник е на повеќе признанија и стипендии, организирал, учествувал на бројни изложби, а има реализирано и самостојни изложби.
https://antonschwarzbach.wordpress.com/
Тие од годинава го отворија за настани и малиот независен простор :: OffSace IoLux :: каде презентираат уметнички дела и поезија во излогот кон улицата, но презентираат групни и самостојни изложби во малиот галериски простор (фотографиите и филмот за фестивалот се направени таму).