::Стихотворба и слика:: Poem and Picture::

Александра Димитрова Саш:: Катрин Салентин

Aleksandra Dimitrova Sash::Katrin Salentin

 

МЕНТАЛНО СИЛУВАЊЕ

Не знаев дека може да се доживее таква болка

Како леден жилет меѓу двете комори

Како стакла распрснати во душникот

Како колци забиени во мозокот

Како воденички камења врз џигерите

Како студени игли

На врвот од нервите

Како електрични шокови

Во очните длапки

Како смрзнати песјаци

Во утробата длабоко

Кај срцето

Како силување во дијафрагмата

Како крвава топка

Во душникот

Па во цревото

Не знаев дека

Тебе може толку да те нема

а сепак да си толку посебно во мене

во секое отчукување

на мојата вратна артерија

додека сите го шепотат твоето

Слика::Катрин Салентин:: Без наслов:: Picture:: Katrin Salentin:: O.T./Untitled