:: Јовица Ивановски :: Паул Кле ::

Дел од антологијата на биеналето :: СловоКулт :: литерАРТура :: 2018

Превод на англиски :: Елизабета Баковска

 

ЈАС НЕ СЛИКАМ,


ЈАС ВОДАМ ЉУБОВ СО ПЛАТНОТО

:: ENGLISH :: DEUTSCH ::

 

Беретка и мантил се артистички

дресови од некои други времиња.

Сликам гол, угол гол.

Целиот сум со флеки од бои.

 

Шарен, разнобоен, како паунот

што се перчи на платното.

Една капка ми падна врз курот

кој ми е дигнат затоа што

сликањето ми го дига.

 

Пастрмката и шишето црвено вино

нема да завршат како мртва природа –

виното ќе го испијам а рибата ќе ја

пуштам да плива на дното на сликата,

 

веднаш под рибата на мојата сакана,

која ми позира и кога не е тука.

Ја гледам како се шминка во таксито,

како ја отвора влезната врата,

 

како влегува во сликата

како
во када со жешка миризлива вода,

и ме чека да и’ го истријам грбот,

со четката за сликање.

 

:: Паул Кле :: Paul Klee :: Жена за боговите :: Eine Frau für die Götter ::