::Стихотворба и слика:: Poem and Picture::
Рајнер Марија Рилке (1875-1926)

Rainer Maria Rilke

Љубена

Копнеам по тебе. Се повлекувам,

низ прсти си протекувам, веќе чиниш исчезнат,

без надеж дека ќе можам да го одрекувам

она што небаре од тебе доаѓа, а јас го дочекувам

сериозен и непоколеблив и незасегнат.

… ех тие времиња: кога си бев свој

ништо што повикува и ништо што ме оддава

го имав истиот оној на камен спокој

кога потокот врз него жуборот си го остава.

Но сега во овие пролетни недели

нешто полека но сосем ме оддели

од таа несвесна темна година

нешто го даде животот беден среден мој

во нечии раце, во рацете на друг некој

кој и не знае што бев до денов што измина.

 

Превод од германски: Елизабета Линднер

Од:: збирката поезија :: Р.М. Рилке :: Избрана поезија:: од едицијата

СловоКулт :: Словотека, Арт Еквилибриум, 2020 (второ издание)

Првото оздание беше за “Sвезди на светската книжевност”

КСЦ, 2014

Огист Роден:: Вечниот идол::

Auguste Rodin:: The eternal idol::

Musee Rodin:: France