::Мануела Златкова::

Мануела Златкова, родена на 2 октомври 1997 година во Струмица, Македонија. Во моментов студент на Медицинскиот факултет во Скопје, на отсек Радиолошки технолог.
Пишува поезија и кратка проза и е дел од најмладата генерација поети на книжевната сцена.
Со своја поезија и кратка проза, повеќекратно застапена во повеќе книжевни списанија, магазини, зборници и онлајн списанија за книжевност.
 Добитник на повеќе први и втори места на меѓународни, балкански и домашни конкурси за поезија, меѓу кои 3-та награда за песната „Преку езерото“, застапена во збирката „Млади поети“ за 2015 година и избрана за 10th Best New Poem (worldwide) за 2013 година. Автор на поетската книга „Ми падна ѕвездата од чело“ издадена во 2017 година како електронско издание.

 

во рубриката ::

Стихотворба и Слика / Poem and Picture

::

Кога ќе се вратам ќе биде воено време

:: Густав Климт::

Смрт и живот::

Gustav Klimt:: Der Tod und das Leben

 

::Димензија на зијан::

Јурген Хубер::Лиминалност 03

Jürgen Huber :: Liminalität 03::