Стихотворба и Слика / Poem and Picture

Краус :: Иван Ивановски

Crauss :: Ivan Ivanovski

 

ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ ГРАНИЦА :: Deutsch :: English :: 

                       среден формат 1963

кога ќе излезеш надвор,

врне снег. сè уште.

во белиот снег налик

наслаги од путер врз долгиот

празен плоштад се оцртува

ланец од офицери.

кога човек дише, вкусува

топло, еден од аголот до

аголот на куќата исцртан облак

полн време. времето

меѓу годините, јаглен

на куп во мирисот на

црвен купус.

непрецизно затворен во облак

во квадратот, огромниот

плоштад, во покривката бела,

снегот една редица

војници. кучињата

бараат и бревтаат

од колата може

да се видат.

доколку излезеш надвор,

ќе врне снег. се симнуваш

од железничката,

од споредниот влез,

бегајќи. брзањето

те пронижува студено

низ белите дробови,

не наоѓаш ни кола

ни маж. се принудуваш

да шеткаш, а

снегот е одѕив,

непрецизно, замачкано

око од жица; под волтажа

од време на време

во квадратот се топи

една песна извесност.

:::::::::::::::

Превод од германски :: Елизабета Линднер

::::::::::::::

Иван Ивановски :: Лизгав терен