Владимир Лукаш е роден во Државната болница во Скопје. Името на бабицата која го извлече од стомакот на мајка му го чува во најголема тајност. Прво внуче во фамилија. Има проседа коса, кратка брада и еден расипан заб. Верува во отсуството на Бог. Живее и работи во Скопје. Некогаш ќе го нема, но сега е тука и ве гледа што правите. Внимавајте.
Биографија на германски и англиски на SlovoKult::Literatur/a Berlin
Негови дела имаше и на фестивалот SlovoKult::literARTour 2018 во Гевгелија, Скопје и Берлин, а повеќе ликовни дела се застапени во фестивалската антологија::
На СловоКулт ќе најдете негова кратка проза на македонски и германски и слики на македонскиот и германскиот СловоКулт:: Во рубриката::
::01:: Исказ::Владимир Лукаш:: Ein kleines Wiegenlied
Едно бебе појде да се тетовира. „Сакам да ми го истетовираш сиот мој иден живот.“, му рече на тату-мајсторот, си ја стави цуцлата во уста и удобно се смести на масичката за тетовирање.
Израз::Хана Хененкемпер::
истото и на германски:: AUSSAGE GEGEN AUSDRUCK
::02::Vladimir Lukaš::Ein kleines Wiegenlied
Ein Baby ging sich tätowieren lassen.
„Ich möchte, dass du mir mein ganzes zukünftiges Leben eintätowierst“,
sagte es zum Tattoo-Meister …
Hanna Hennenkemper::Sehnsucht, die sich an….
::06:: Исказ:: Владимир Лукаш
Полуприказна
Се пресеков на пола. Едната моја половина сакаше бринети, другата блондики. Едната моја половина сакаше класична музика, другата турбофолк.
Израз:: Милан Андов
Во рубриката ::Стихитворба и Слика::
12.08.18
Слика:: Владимир Лукаш:: Рихтер
Од изложбата и проекциите во Гевгелија:: Бош фестивал 10::
Со песна од Д.А Лори.
Од изложбата и проекциите во Скопје:: Галерија Акантус
Со песна од Д.А. Лори
Од изложбата и прокециите во Берлин::
Со песна од Д.А. Лори