::СловоКулт::Литератур/a Берлин & Арт::Еквилибриум:
ви претставуваат::
Не турска, не шпанска, туку::
Книжевна Серија::Сезона прва::

::Поети читаат Проза::

::од современи германски, австриски и швајцарски автори::
::во Концепт 37::секој втор вторник & секој четврти вторник во месецот::
::од 20:30 до 22 часот::со исклучителни поети::
потоа дружба::
продажба на романот по фер-цена & подарок::
::феноменална музика & други изненадувања::

 

ЕПИЗОДА ПРВА::Лилјана Пецова-Илиеска::Јосип Коцев::
читаат од романот:: “Платно” од Бенјамин Штајн:: 
превод од германски Елизабета Линднер, во издание на Блесок, 2011
со поддршка на литературната мрежа ТРАДУКИ
::модерација::Марија Стојанова

ЕПИЗОДА ВТОРА:::Д.А. Лори::Александра Димитрова Саш::
читаат од романот:: “Адам и Евелин” од Инго Шулце:: 
превод од германски Елизабета Линднер, во издание на Блесок, 2010
(преводот беше поддржан од фондацијата Роберт Бош со престој во Европскиот Колегиум на Прведувачи Штрален) ::модерација::Марија Стојанова

ЕПИЗОДА ТРЕТА::Снежана Стојчевска::Ѓоко Здравески::
читаат од расказите на Инго Шулце од збирката “Мобилен” – тринаесет приказни во стар манир::
превод од германски Елизабета Линднер, Блесок 2009
Модерација::Марија Стојанова

ЕПИЗОДА ЧЕТВРТА::Ана Голејшка::Елизабета Линднер Костадиновска::

читаат од романите на Томас Бернхард “Сечење шума” и “Стари мајстори”
превод од гермаснки Елизабета Линднер, Блесок 2011 и 2013
Модерација::Марија Стојанова
Книги и насмевки::Даниела Костадиновска
ПЛУС::гости поети и пријатели на Игор Исаковски што ќе прочитаат по една песна од него::
ПЛУС::Журка со Шурбе::

 

Продажбата на книгите ќе продолжи и по настанот во:: Концепт 37::Или Или::и други…

А подоцна и во други градови …

Голема благодарност до Блесок за поддршката!

 

Особеноста на Книжевната Серија::Поети читаат Проза::е во тежиштето, кое е поместено врз самото читање и слушање на текстот, неговото конзумирање и влијанието врз публиката.
Поетите имаат особена дарба и наклоност да говорат на својствен поетски начин, затоа од нив сакаме да слушнеме како звучат прозните текстови на исклучителни современи автори од германското говорно подрачје. Целта е публиката поинаку да го почувствува текстот и на овој начин поинтензивно да комуницира со него. Сакаме читателот поинаку да се доближи до книжевните изданија и најпрвин да се најде во размисла и разговор за слушнатиот текст.
Изборот на книгите е исто така поинаков, тие не се од оние “најбараните” наслови во книжарниците, не се ептен популарни, не изобилуваат со наместени чувства, мисли и зборови, ниту со клишеа и патетика, не се налик на сапуници, не се дел од просечното и не претставуваат закана за писменоста, свеста и културата.
Напротив. Како и изданијата на некои колеги во книжевниот свет, со кои сме соработувале и се уште соработуваме, кои исклучително ги цениме, и со кои сакаме и понатаму да го продолжиме патот кон снабдувањето на читателите со квалитетна книжевност.