03.05.2022
СловоКулт :: во најава ::

:: новото вонвремено или безвремено двојазично издание од едицијата
СловоКулт :: Словотека ::05::
Софи Рајер :: Sophie Reyer
Избрана поезија :: Ausgewählte Lyrik
со седум ликовни дела од: Иван Ивановски
:: двојазично издание ::
германски :: македонски превод: Елизабета Линднер
a едно поглавје и со англиски превод: Марк Канак
во издание на: Арт Еквилибриум и СловоКулт Берлин
2022
приредила :: Елизабета Линднер
за издавачот :: Марија Стојанова
Ова книжевно издание е поддржано од ::
:: Преводот од германски на македонски беше поддржан со престижна стипендија за Елизабета Линднер доделена од Германскиот фонд за преведувачи и финансирана со средства од програмата Neustart Kultur и Претставничката на сојузната влада за култура и медиуми, а изданието за Арт Еквилибриум го поддржува Министерството за култура на Р.С. Македонија.
На онлајн списанијата СловоКулт :: SlovoKult (DE) ви презентираме две песни содржани во првото поглавје, кое е тријазично и едно од делата на Иван Ивановски содржани во книгата (7 + насловна).
:: Софи Рајер :: Иван Ивановски ::
traum panorama :: соновна панорама :: dream panorama
tropfenpalaver :: дрдор на капки :: drip-dropping
Кратка биографија на авторката :: Софи Рајер
03.10.2021
SlovoKult :: СловоКулт слави современи уметности и роденден ::
На два настани во Берлин ::

07.10.2021 :: во галеријата Hošek Contemporary (брод на Шпреја) ќе се одржи настанот на кој во стил на биеналето ќе се презентираат мултимедијално и повеќејазично современи текстови :: видео изложба :: звучни пејзажи и концерт ::
Учество со уметнички текстови/поезија ќе земат :: Мануела Златкова, Џин Атлас, Џек Бајрон и Елизабета Костадиновска (Линднер – која воедно го слави и својот 50-ти роденден) :: Ќе се презентира дел од актуелната изложба на Дијана Томиќ Радевска (видео), дела од други СловоКулт уметници, како и поедини песни од Катица Ќулавкова, Игор Исаковски, Звонко Карановиќ, Александар Кирковски, Софи Рајер, Краус … со оригинално аудио и други јазици во живо ::
За уметноста на звукот и завршен концерт се поканети берлинските уметници ::
:: Мунша – чело ::
:: CNM – аналоген синтисајзер ::
Настанот на ФБ :: SlovoKult celebrates arts & birthday

На 09.10.21 ќе има приватна забава со избрани оригинални видеа од музичката историја – со проекција ::
punk, post punk, alternative rock, gothic rock, YU-punk-rock, industrial, EBM …
загревање со Einzelne – електрична гитара, текст + импровизиран поетско-танцов џем сешн.
:: Само со покана :: заради ковид…
FaceBook :: Dance out of Now. Dance this! #3 :: Afterparty celebration
На двата настани нема конкретна влезница, туку донации и купување публикации од СловоКулт ::
23.09.21
СловоКулт во Рига :: фотографски импресии
Голема благодарност до сите што го овозможија овој настан :: Наскоро ќе ви презентираме текстови и видеа – за ал видео документ од самиот настан нема, но за нас беше прекрасно конечно после една година да имаме настан со публика (последниот беше во Скопје, 2020, за биеналето СловоКулт :: литерАРТура во Гевгелија (Бош фестивал) и Скопје (КИЦ).
На нашиот видео канал ќе најдете видеа :: СловоКулт на Јутјуб
СловоКулт „освојува“ поезија од Латвија – преку превод на македонски
Поезијата можеби нема да го смени светот, но секако менува нешто за малите јазици. Кога ќе се здружат преку современа поезија, стануваат посилни (дури и со малку читатели). Преводот на поезија (и уметнички текст) е една од најважните одлики на проектите што ги води СловоКулт – и како онлајн списание од 2016 (од 2017 и на германски), и со додавката :: литерАРТура како биенале за современи уметности – документирано во повеќејазична антологија со дела од сите учесници (2018 и 2020 Бош Фестивал Гевгелија, Скопје и Берлин). И секако во книжевната едиција, која започна 2020, и која како и други проекти е во соработка со Арт Еквилибрум, насловена како СловоКулт :: Словотека, во која се објавуваат соврмени (или безвремени) повеќејазични поетски изданија со слики од избрани ликовни дела. Досега има четири наслови, а петтиот е веќе во подготовка. Освен високиот квалитет на делата и преводите, целта е исто така проектите да го опфаќаат Балканот (особено бивша Југославија), германското говорно подрачје и да се прошируваат во други земји. Англискиот превод секако игра важна улога, но сепак застапеноста на други јазици е од големо значење, затоа беше реализирана и тријазичната антологија на современа грчка поезија (во македонски превод на Томислав Османли), која е прва од низата што се планираат.
Идејата и плановите, полека но сигурно, се остваруваат, бидејќи Елизабета Линднер, лицето зад СловоКулт, како реномиран преведувач на современа книжевност беше избрана од страна на Латвиската куќа за писатели и превдувачи во Вентспилс, за стипендијата од програмата Translation in Motion, кофинансирана од фондот на Креативна Европа – преку која книжевно се поврзуваат земји од Западен Балкан со земји од Европската Унија.
Елизабета Линднер во август и септември престојува во Вентспилс, учи латвиски (специјален курс, скроен по желба и потреба), а со анализа на оригиналниот текст и консултација на други преводи (руски, англиски) и авторите, веќе преведува на македонски (и германски). Неколку нејзини текстови се преведуваат од германски на латвиски, еден од македонски на руски, а и таа преведе неколку песни од руски на македонски – а сите тие ќе бидат претставени на 18.09.21 во Рига, во новиот локал на независната сцена: 1983. Настанот ќе биде според концептот на СловоКулт* – во повеќејазично и мултимедијално читање – кое вклучува видео од избрани уметнички дела и звуковни пејзажи од уметник во живо (Lee Chapman). Ќе настапат поетите Криста Ана Белшевица (латвиски), Едвинс Раупс (латвиски), Семјон Ханин (руски) и Елизабета Костадиновска (германски, англиски, македонски). Ликовна изложба која е вообичаена за фестивалот, нема да има во Рига, но секако СловоКулт ќе се обиде да „освои“ и современи ликовни уметници и заедно со избрани поети, да ги покани да гостуваат на третото издание на биеналето СловоКулт :: литерАРТура 2022.
Во Рига овојпат ќе презентираме само куси дела од Перо Георгиев, Александар Кирковски и Мануела Златкова.
Настанот е поддржан од гореспоменатите институции што стојат зад програмата
Македонските читатели ќе можат преведените песни наскоро да ги прочитаат онлајн на овие страници.
Настанот на: Фејсбук
Фестивалската антологија 2020 и насловите од едицијата СловоКулт :: Словотека се достапни во скопските книжарници Полица, Култура и буква, а повеќе информации ќе најдете онлајн: http://www.slovokult.eu/index.php/knigi-vo-knizarnici/
Биографија на Елизабета Линднер Костадиновска